Е. Пелистер е вториот тим кој успеал да го освои ракометниот Суперкуп.
Битолчани до трофејот дојдоа на најпосакуваниот начин, на сметка на Вардар 1961, го совладаа со 22-31 и ја прекинаа доминацијата. Претходните три пехари им припаднаа на “Црвено-црните”.
И ова не е се, по пауза од 16 години во Битола ќе се слави пехар. Последен пат освоија во 2005 година, шампионскиот, иако ова е само Суперкуп, овој град има надеж дека во новата сезона ќе дојде до двата главни пехари.
Актуелниот првак беше добар само во првото полувреме, на двапати водеше со плус три (7-4 и 9-6). На другата страна битолчани со серија од 4-1 се вратија, израмнија на 10-10, додека во 26. минута за првпат поведоа (12-13).
Нерешените 14-14 на одморот беа најава за второто полувреме, кое битолчани добро го отворија, стигнаа до водство од 17-22 во 39. минута. Ова беше период во кој Вардар имаше проблем со одбраната, битолчани лесно ја пробиваат нивната зона.
Битолчани предводени од Секељ ја казнуваат секоја грешка, па во 42. минута поведоа со 18-24.
Избраниците на Веселин Вујовиќ не се вратија, не најдоа решение за мотивираниот противник кој буквално гризеше на теренот.
Вардар на овој меч настапи со четворица странци, на другата страна Жељко Бабиќ на располагање имаше осум странски ракометари.
Секељ запиша 11 одбрани, Мандалиниќ постигна шест гола, кај Вардар, Дибиров запиша седум погодоци.