Мечот од новото коло во Лигата на Шампионите помеу екипите на Црвена Звезда и на Штутгарт имаше и предигра во текот на денот. Група на навивачи на домаќинот, нападнаа гостински навивачи кои според информациите и не се повлекле туку ја прифатиле тепачката. Сепак, дел од нив се повредени, а дел се и приведени.
Медиумите во Србија пренесуваат дека петнаесет навивачи на Ц.Звезда се приведени подоцна во текот на денот.
Потоа и онака големото обезбедување кое беше распоредено низ целиот град дополнително беше засилено, затоа што како што доаѓаат информациите од Белград, се очекуваат скоро 2000 навивачи од Германија да бидат присатни вечерва на Рајко Митиќ.
Navijač Štutgarta prebijen od strane Delija pic.twitter.com/VwKGFJdRZj
— FantomBeograda (@FantomBeograda) November 27, 2024