Судии за ПМФЛ: Пилешков “главен“ на Чаир, Младеновски ќе им суди на Гостивар и Силекс

385

Во недела од 13 часот се играат сите натпревари од 17.коло во ПМФЛ. Ова е препоследно коло во есенската полусезона. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на овие натпревари. Димитар Пилешков од Штип ќе биде главен на Чаир каде се среќаваат Шкупи и Струга ТЛ. На Маџари, каде се игра дербито меѓу Гостивар и Силекс правдата ќе ја дели Марјан Младеновски од Скопје.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за ова 17.коло:

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 17.КОЛО (НЕДЕЛА – 13 Ч)

Скопје: Вардар – Тиквеш (Игор Иванов – Велес)

Скопје: Гостивар – Силекс (Марјан Младеновски – Скопје)

Охрид: Воска – Шкендија (Јован Качевски – Струга)

Скопје: Шкупи – Струга ТЛ (Димитар Пилешков – Штип)

Битола: Пелистер – Беса (Александар Ставрев – Скопје)

Струмица: Брера – Работнички (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)

ПретходноИ Швјонтек допинг-позитивна, суспензијата и истекла уште пред да разбере јавноста?!
СледноКЛ: Челзи 100%, победа за Николов и Шишко, реми за Чурлинов