Алиоски ќе остане во Ал Ахли и ќе игра за првиот тим во Азиската ЛШ

452

Тренерот на екипата на Ал Ахли, Матијас Јајсла, побарал нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, повторно да биде вклучен во првиот состав на саудискиот тим.

Според информациите, Јајсла побарал од управата на клубот да го пререгистрира Алиоски во официјалниот тимски ростер за да го користи во азиската Лига на шампиони.

Извештаите укажуваа дека Јајсла го одбил предлогот на управата да го продаде Алиоски или да го раскине неговиот договор со заедничка согласност во јануари, поради нтоа што му е потребен за продолжението од Лигата на шампионите на АФЦ.

ПретходноАлкалоид ја почнува битката за 1/8 финале во ЕХФ Европскиот Куп
СледноПеп, Алонсо, Анчелоти, Де ла Фуенте и Скалони се номинирани за признанието на ФИФА за најдобар тренер! (ФОТО)