Виљареал го анулираше водството на Челзи, ќе има продолженија (ВИДЕО)

186

Во Белфаст во рамките од европскиот Супер-куп ќе гледаме продолженија. Виљареал успеа да одигра добро во вториот дел, односно Челзи потфрли, па Џерард Морено успеа да погоди по супер акција, и така да го „поништи“ водството на Челзи стекнато во првиот дел со голот на Зијех.

Виљареал претходно имаше и статива, а имаше и уште една шанса. Во финишот Алонсо можеше да погоди, но го промаши голот, па ќе следуваат продолженија.

 

ПретходноУште едно познато име во француската Лига 1: Доаѓа Џердан Шаќири
СледноТрофејот од Супер-купот за Челзи (ВИДЕО)