Андреј Тодороски и натаму игра во супер форма во дресот на Спартак Суботица. Имено попладнево, во меч од 17.коло во српската Суперлига, Спартак успеа да слави на гостувањето кај Чукарички со 1:2. Првиот гол беше дело на Македонецот Тодороски во 15.минута за 1:1, а во 59.минута тој му беше асистент на Убипарип за водство и победа од 1:2.
Инаку ова беше петтиот гол и четвртата асистенција на Андреј Тодороски оваа сезона во елитната фудбалска лига на Србија.