Мбапе под лупата на новинарите, се „фатија за влакно“

549

Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието. Еден од најдобрите млади фудбалери е единствениот член на ПСЖ кој не е воодушевен од доаѓањето на Лионел Меси во овој клуб.

Веќе на големо се пишува дека сака да го напушти Париз, а прв во редот е Реал Мадрид, но прашање е дали има доволно финансиски сили да плати за овој трансфер.

Во меѓувреме Мбапе се најде под лупата на новинарите. Тие се „фатија за влакно“, отидоа предалеку…Ги анализираа објавите на ПСЖ по повод пристигнувањето на Меси и реакциите на фудбалерите.

Резултатите се изненадувачки, на Мбапе не му се допаднала ниту една објава за разлика од неговите соиграчи како Нејмар, Рамос..

ПретходноНема одмор за Вардар 1961, Струга за поправка на впечатокот
СледноБајиќ го одреди составот за дуелите против Швајцарија и Словачка