Галатасарај купи дански репрезентативец за 7 милиони евра

438

Турскиот гигант Галатасарај продолжи да се засилува за новата сезона, а го претстави осмиот нов фудбалер во своите редови. Нов член на клубот од Истанбул е Виктор Нелсон, дански репрезентативец кој доаѓа од редовите на Копенхаген за сума од 7 милиони евра. Тој потпиша договор до 2026 година, а неофицијално има откупна клаузула од 25 милиони евра.

Нелсен е централен бек, има 22 години, а пред Копенхаген играше и за младинскиот и за сениорскиот тим на Нордсјеланд.

Галатасарај претходно ги донесе Александру Кикалдау, Беркан Кутлу, Барис Јилмаз, Саша Бој, Патрик ван Анхолм, Ајтак Кара и Алпашлан Озтурк.

Клубот го напуштија Мертоз, Дурмаз, Озбајракли, Чивелек и Карнуџу.

ПретходноРистовски и Илиев во тимот на колото во Словачка (ФОТО)
СледноГеоргиевски: Среброто од Токио во Париз ќе го претворам во злато