Попладнево се одиграа сите шест средби од 17.коло во ПМФЛ и веднаш да кажеме дека се играше без присуство на публика од познати причини.
Интересно беше на Арената во Скопје меѓу Вардар и Тиквеш кој заврши без победник 1:1. Шанси на обете страни, но гостите преку Спахиу во 41.минута поведоа.
Вардар во второто полувреме бепе надмоќен, одигра добро, но сепак не успеа да победи, дојде само до бод и тоа го голот на Мишковски во 65.минута. Во последните минути вистинска драма на теренот. Вардар вимаше две големи шанси, сепак Омерагиќ и Николовски немаа среќа да му донесат победа на својот тим.
Дербито на колото кое се одигра на Мацари, меѓу Гостивар и Силекс заврши без победник. Голема борба, по неколку шанси, на крај конечни 0:0. Ова реми и овозможи на Шкендија да се врати на лидерската позиција.
Шкупи со 3:1 го декласира шампионот на Чаир. Ова значи дека чаирчани ја прекинаа серијата на порази. И дефинитивно Струга ТЛ не е Струга ТЛ од минатите шампионати кога газеше се пред себе.
Гуеје, Асани од пенал и Стојановски беа стрелците за домашните, а Кехинде кај гостите.
Шкендија со 0:1 славеше кај Воска во Охрид и со тоа сега, како што рековме веќе, е прва на табелата.
Работнички уште еднаш покажа зошто е при врвот на табелата. Момците на Горан Станиќ со убедливи 1:3 славеа на гости кај Брера. Во ревија на прекрасни голови стрелци беа Мазари, Демири и Гандо кај гостите, а Мато исто така постигна ефектен гол за ублажување на поразот.
Пелистер со голот на Мирко Ивановски успеа да дојде до три бода протув Беса и тоа на свој терен.
РЕЗУЛТАТИ – 17.КОЛО
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 1:3
(Мато 74./Мазари 17., Демири 43., Гандо 68.)
ГОСТИВАР – СИЛЕКС 0:0
ПЕЛИСТЕР – БЕСА 1:0
(Ивановски 18.)
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 3:1
(Гуеје 17,. Асани (п) 32., Стојановски 74./Кехинде 90+2)
ВАРДАР – ТИКВЕШ 1:1
(Мишковски 65./Спахиу 41.)
ВОСКА – ШКЕНДИЈА 0:1
(/Ф. Рамадани 51.)