Неверојатна приказна раскажува Ханзел Парчмент, спринтерот од Јамајка кој на Олимпијадата во Токио го освои златниот медал на 110 метри со пречки.
А ако не била некоја си волонтерка од Србија, Тијана Стојковиќ, тој воопшто нема ни да се појавел на тартанот на Олимпискиот стадион во Токио на стартот од трката.
Имено при излегување од хотелот, Парчмент го утнал автобусот, кој требало да го однесе кон стадионот. Го фатило паника, почнал да очајува, а тука се нашла Србинката Тијана која веднаш му дала пари за такси и тој успеал сепак на време да се јави на стартот.
Подоцна сетоа е историја, Парчмент го освои златото и тоа благодарение само на Тијана.
Па така тој на социјалните мрежи го запознал светот со тоа што му се случило и искрено и се заблагодарил на Тијана, волонтерката од Србија.
ФОТО: Mondo.rs