Заврши хоророт за фудбалерот на Еквадор кој беше киднапиран минатиот викенд

137

Дефанзивецот Педро Перлаза е спасен и ослободен откако беше киднапиран минатиот викенд, соопшти тамошната полиција, цитирана од Ројтерс.

Перлаза има три натпревари за репрезентацијата на Еквадор и моментално игра за водечкиот тим во земјата, Делфин. Тој и неговиот пријател ги напуштиле своите домови во неделата за да одат на забава во северозападниот град Есмералдас.

„Оваа среда во Есмералдас, националната полиција ги ослободи граѓаните Педро П. и Хуан М., кои беа прогласени за киднапирани“, се вели во соопштението на локалните власти. „По информацијата, Единицата за борба против дискриминација (УНАСЕ) лоцираше куќа во рурална област каде што двајцата беа држени како заложници“, се додава во соопштението. Од полицијата додаваат дека направиле се што е можно за да ги вратат заложниците кај нивните семејства живи и здрави.

Перлаза (33) стартуваше за Еквадор во квалификациите за Светското првенство 2022 година против Колумбија и Перу, помагајќи му на тимот да се квалификува за Катар.

Последниве години во земјава има пораст на криминалот. Во 2023 година се регистрирани повеќе од 7.000 убиства, што е зголемување од 65 отсто во однос на претходната година.

ПретходноГрем Потер пред кам-бек во Премиер-лига, бира меѓу два клуба!
СледноРаул Паула собира минути за Нац Бреда но и за Германија