Што беше тоа пенал за Вардар?!

1184

Ако ги погледнете статистичките податоци за натпреварите оваа есен во ПМФЛ во изминатите 17 кола, последното есенско коло се игра во недела, можете да дојдете до фрапантен податок, барем кога пеналите се во прашање.

Имено оваа есен за Вардар немало досудено казнет удар или пенал, како во ПМФЛ така и во Купот.

Интересно, нели. А поинтересно е тоа што последен пат пенал ЗА Вардар имало на 25 февруари оваа година и тоа на средбата против Брегалница во рамките на 20 коло од минатата сезона. Тогаш казнетиот удар го изведувал Марјан Алтипармаковски и бил сигурен пеналџија. Тоа се случило во 21.минута за водство од 1:0, на крајот овој меч заврши со 2:0.

Да, драги читатели. Судиите во ПМФЛ оваа есен, а и речиси цел пролетен дел немаат досудено пенал за Вардар. Замислете, а минале цели 30 кола. На 30 меча според нив немало прекршок или игра со рака од противниците на нашиот најтрофеен клуб. Секако дека тоа е неверојатно, посебно ако се знае дека барем оваа есен Вардар е драматично и драстично оштетен зошто во 4-5 наврати на 17 мечеви судиите не се одважиле да покажат на белата точка. Барем да погрешеа.

Сега сите се прашуваме – па дали ова е можно?

Е, па, ете…можно е! Цела есен, ни во Купот, ни во првенството, а претходно и цел пролетен дел од минатата сезона немало пенал за нашиот најтрофеен клуб.

Затоа велиме НЕВЕРОЈАТНО. Ова да им го кажеш на некои фанови надвор од Македонија што не се толку упатени во мак – фудбалот, секако дека ќе се „скинат од смеење“.

Ова е податок за Гинис, ова е податок со кој им затвараат устите на сите оние кои Вардар им е „доручек, ручек и вечера“.

Само да се знае – ЗА Вардар нема судено пенал речиси една година.

Кога сме кај пеналите оваа есен, во ПМФЛ немало судено пенал и за Струга ТЛ и Пелистер.
Но за Струга ТЛ имаше во Купот на Македонија, а познато е дека имаше неколку во пролетниот дел од минатата сезона.

Пелистер оваа есен немаше ни во ПМФЛ ни во Купот на Македонија, но затоа имаше во пролетниот дел од минатата сезона во ВМФЛ.

ПретходноМеси е официјално МВП на МЛС лигата
СледноАрне Слот: Дербито ќе биде посебно, мора да бидеме агресивни