Лазаров: Ако сакаме да изградиме тим, мораме да бидеме и трпеливи

401

Македонската кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје. Поразот од Грција на стартот оди во заборав по убедливата игра против Полскка и триумфот од 30-25.

Селекторот Кирил Лазаров очекувано е задоволен од играта на своите момци.

„Денеска одиграме многу подобар меч отколку пред два дена. Се изборивме со притисокот што сами си го наметнавме и се пласиравме во посакуваното полуфинале, а сега одиме на тоа да го освоиме Шампионатот. Денеска, успеавме да реализираме голем дел, 70-80 насто од тоа што се договаравме. Имавме и на овој меч доста нереализирани чисти ситуации. Навистина не знам на што се должи тоа, веројатно е псхолошки момент. Ние навистина се обидуваме да ги ослободиме од притисок момците. Пред натпреварот им кажав дека и да загубиме, не е крај, дека ќе продолжиме напред, со главите горе. Ако сакаме да изградиме тим, мораме да бидеме и трпеливи, но и за нив е подобро ако тимот го градиме преку учества на светски и европски првенства“, изјави селекторот Кирил Лазаров.

ПретходноЌато се враќа на клупата на Ренова токму за дуелот со Шкендија!
СледноПад на кошаркарската репрезентација за едно место на листата на ФИБА