Тимот на Реал Сосиедад без поголеми проблеми стигна до нов триумф сезонава во Примера. Предмалку, Сосиедад на гостински терен со 0:3 го совлада Легањес на негов терен и на тој начин стигна до 24. бод сезонава, односно шестата позиција.
По само 14. минути игра Мендез погоди за 0:1, а на потврда на победата на гостите се чекаше дури до самиот финиш на мечот.
Баренечеа во 78. минута погоди за 0:2, а Ојарзабал во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 0:3.
Ако тимот на Сосиедад е во положба да се бори за излез во Европа, Легањес сезонава со досега освоените 14 бода ќе се бори исклучиво за опстанок.