Денеска на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, меѓу Работнички и Пелистер, за последен пат судеа Александар Ставрев (главен) и Дејан Костадинов (асистент). Тие добија подароци од Судиската организација на ФФМ и ФК Работнички, а само поради нив во Скопје дојде балканската судиска елита предводена од Ирфан Пељто (БиХ), Иван Бебек, Марио Зебец, Фран Јовиќ (Хрватска), Новак Симовиќ (Србија). Сето ова го организираше Гоце Петрески, колегата на Ставрев и Костадинов, кој се погрижи сите овие судиски “фаци“ да дојдат во Скопје на последниот меч на своите судиски колеги од Македонија.
Ова докажува колку се ценети, почитувни и респектирани Ставрев и Костадинов, секако и Петрески во судиските кругови на овие простори.
Секоја чест за Петрески, а на Ставрев и Костадинов македонската фудбалска јавност им се заблагодари за сите нивни настапи во изминатиот период како судии.
Важеа и важат за едни од најдобрите, ако не и најдобри во историјата на самостојна Македонија кога станува збор за судењето.