Денеска ќе биде одлучувачки ден за иднината на Серхио Перез во Формула 1 тимот на Ред Бул. Како што е најавено, шефовите на тимот ќе имаат специјален состанок на кој главна тема за разговор ќе биде дали да го задржат Мексиканецот и за следната сезона или ќе го прекинат неговиот договор.
Медиумите веќе неколку недели шпекулираат дека Ред Бул не е премногу расположен да го задржи, па и покрај двегодишниот договор што Перез го потпиша на почетокот на летото може да биде заменет. Ако тоа се случи, ред Бул ќе мора да му платат сериозно обештетување на Мексиканецот.
Ако денеска се случи Перез да биде отпуштен, изборот на неговиот наследник ќе се случи подоцна. Причината е утрешниот тест на „Јас Марина“ каде Јуки Цунода ќе ја добие првата шанса да го тестира RB20.