Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита, официјално e ново засилување за унгарскиот клуб Ференцварош. Тој дојде во Будимпешта како позајмен од бундеслигашот Вердер Бремен.
Едногодишната позајмица на Кеита во клубот ќе започне во јануари. 29-годишниот фудбалер пристигна во клубот од Бремен со слободен трансфер во 2023 година, но беше измачуван од повреди во првите месеци во Германија и имаше само пет настапи. Последователно, тој беше исфрлен од првиот тим во април, откако одби да отпатува за натпревар против Баер Леверкузен и оттогаш тренира со тимот до 23 години.
„Среќни сме што најдовме решение заедно со Наби и неговиот агент. Ни беше јасно дека тој повеќе нема да игра за Вердер. Договорот за позајмица е вистинскиот потег и за нас и за него. Му посакуваме се најдобро на Наби во Унгарија“, изјави спортскиот директор на германскиот тим, Клеменс Фриц.