Американката Волш го собори 15 години стариот светски рекорд на 50 метри пеперутка (ВИДЕО)

101

Американската пливачка Гретчен Волш постави нов светски рекорд на 50 метри пеперутка на Светското првенство на кратки патеки кое се одржува во Будимпешта, Унгарија. Таа во квалификациите исплива резултат од 24,02 секунди, со што го подобри досегашниот светски рекорд во оваа дисциплина стар 15 години.

Досега светска шампионка на 50 метри пеперутка беше шведската пливачка Тереза ​​Алшамар со време 24,38 секунди.

21-годишната Волш го држи светскиот рекорд и на долги патеки на 100 метри пеперутка (55,18). На Олимписките игри во 2024 година таа освои сребро во оваа дисциплина.

ПретходноМурињо: Се што сакам е правда, а и Пеп знае дека јас титулата ја освоив чесно!
СледноОфицијално збогум и од УЕФА, Aлександар Ставрев ќе ја суди Порто – Митјиланд