Баерн Минхен до крајот на календарската 2024 година ќе биде без Мануел Нојер на голот. Искусниот голман се повреди на дербито против Баер Леверкузен и ќе мора да паузира сигурно еден месец.
Тој во дуелот со Фримпонг, ги напукна ребрата, повреда, за која што ќе мора да се паузира и истата да се третира како што треба.
Тоа значи дека од вечерва, кога Баерн игра во Гелзенкирхен против Шахтјор во ЛШ па се до средината на јануари, тренерот на Баварците, Винсент Компани ќе мора да бара алтернатива.