Екипите на Реал Мадрид и Аталанта во Бергамо вечерва, во рамките од шестото коло од Лигата на Шампионите го одиграа веројатно мечот на досегашниот дел од сезоната. Меч во кој имаше грст фудбалски потези, кои се во класата на екстра, пет гола и многу возбудувања.
Реал триумфираше со 2:3, а се започна со голот на Килијан Мбапе во 18. минута. Потоа тој се повреди, излезе од игра, а до полувреме, Колашинац беше фаулиран во шеснаесетникот на Реал, а судијата досуди пенал. Де Кетеларе израмни на 1:1.
Винициус во 56. минута го носи Реал повторно во водство, а само три минути подоцна, Белингем веќе прави 1:3.
Лукман во 65. минута намалува на 2:3, а Ретеги ја имаше шансата за 3:3 во самиот финиш но шутираше над голот.
Мукиеле му донесе радост на Баер против Интер
Дојде крајот на добрите резултати на Интер во овогодинешната ЛШ. На гостувањето кај Баер Леверкузен, Интер е поразен со минимални 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Мукиеле во 90. минута.
Астон Вила со триумф во Германија
Со конечни 2:3 пак, тимот на Астон Вила успеа да слави кај Ред Бул Лајпциг, за кој што повторно го немаше Елиф Елмас поради повреда.
Резултати:
Аталанта – Реал Мадрид 2:3
Баер Л. – Интер 1:0
Брест – ПСВ 1:0
РБ Лајпциг – Астон Вила 2:3
Салзбург – ПСЖ 0:3
Шахтјор – Баерн Минхен 1:5
Клуб Бриж – Спортинг 2:1