Македонија на линија со Бурак Алили

2210

Македонските младински фудбалски репрезентации ги чека нов циклус во 2025 година и тоа од сите категории. У17 и У19 генерациите веќе ги добија своите противници за квалификациските турнири, додека пак, У21 репрезентацијата ја чека ждрепката на крајот на јануари.

Токму во оваа генерација се појавува новитет во името на Бурак Алили, момчето кое што во моментов настапува во втората по ранг лига на Австрија, односно во тимот на Лафниц.

Алили е по потекло од Скопје, но е роден во Швајцарија и има десетина настапи за младинските селекции на оваа земја. Дете е на Ксамакс, но потоа прави трансфер во екипата на Викторија Плзен во Чешка. Сега е во Лафниц каде што периодов има добра минутажа.

Се работи за момче кое што е играч за врска, профил кој секогаш е потребен за секоја екипа.

Спортспорт дознава дека ФФМ односно Македонија веќе има стапено во контакт со него и дека се преговара да Алили да го промени националниот дрес.

 

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноБеса официјално се заблагодари на петмина фудбалери
СледноФлик: Имаме големи цели, но патот е долг!