Роџер Федерер и Рафа Надал се во пензија, од таа голема тројка остана само уште Новак Ѓоковиќ. На сите тие шро реално ги гледаат работите во тенисот знаат дека Новак е најдобриот, најголемиот во историјата. Сите параметри го велат тоа, но сепак сеуште има и такви кои тврдоглаво и упорно го велат спротивното.
Еден од тие е и прерседателот на Тениската федерација на Италија, Анџело Бинаги кој деновиве даде една смешна изјава:
“Надал е далеку најдобар од сите, посебно надвор од теренот. Тој е вистински џентлмен, љубезен и сакан од фановите. Тој многу му даде на тенисот, дури повеќе и од Федерер. Роџер ја нема таа љубезност и пријателски однос како Рафа“.
Бинаги се осврна и на Новак:
“Истото важи и за Ѓоковиќ. Тој ја нема таа човечка и спортска длабочина како Рафа“.