Како што во нашата јавност се коментира за ждрепката за квалификациите за СП 2026, така и кај нашите ривали, Белгија, Велс, Казахстам и Лихтенштајн се коментира.
Па така селекторот на селекцијата на Велс, славниот Крег Белами, откако дозна со кого неговата селекција ќе игра, тој искоментира:
“Генерално добра ждрепка. Да се победи Белгија ќе биде одлично. Мечевите со Македонија ќе бидат поинаков предизвик за нас. Се надевам дека домашната работа ќе си ја завршиме дека ќе го нападнеме врвот на табелата во групата“ рече покрај другото селекцторот на Велс, селекција со која реално ќе се бориме, или би требало да се бориме за тоа второ место ако се знае дека Белгија е фаворит во нашата група.