Квалификациите ги почнуваме на гости кај Лихтенштајн, во март ни доаѓа Велс

223

На гостински терен против Лихтенштајн на 22 март следната година, нашата фудбалска репрезентација ќе го почне циклусот квалификации за пласман на Светското првенствцо во 2026 година. По денешното извлекувањена групите, вечерва стигна и комплетниот распоред на натпреварите за нашата група „Ј“ во која ќе играме со селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во март ќе имаат уште еден дуел и тоа на домашен терен. На 25 март следната година на Националната арена во Скопје ќе ја пречекаме репрезентацијата на Велс. Во јунскиот квалификациски прозорец најпрво на 6 јуни ја пречекуваме Белгија, а потоа на 9 јуни гостуваме кај Казахстан.

Во септември ќе одиграме само еден меч и тоа дома против Лихтенштајн на 7 септември, додека во октомври најпрво гостуваме кај Белија на 10 октомври, па на домашен терен на 13 октомври го пречекуваме Казахстан.

Квалификациите ќе ги затвориме со гостување кај Велс на 18 ноември.

ПретходноЛидерот со нова победа ја затвори 2024 година
СледноФутсал репрезентацијата поразена од Холандија на стартот на квалификациите