Деби со пораз на Столе Димитриевски на голот на Валенсија во Ла Лига. Вечерва „лилјаците“ беа поразени со 1:0 на гостувањето кај Ваљадолид во дербито на дното на табелата.
Единствениот гол го постигна Ануар, кој успеа да го совлада Димитриевски во 20. минута. Очајната Валенсија останува на само две победи сезонава убедливо закована на последното место на табелата.