Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд ги игра последните 6 месеци од договорот со „црвените“, а шпекулациите околу неговата иднина продолжуваат. Реал Мадрид е сериозно заинтересиран да го ангажира англискиот дефанзивец, кој се чини дека е во искушение да го испроба предизвикот и да му се здружи со соиграчот од репрезентацијата, Џуд Белингем.
„Во клубот сум 20 години и потпишав четири или пет продолженија на договори и ништо од нив не се случи јавно. И овој пат нема да биде поинаку“, изјави Трент за Скај Спортс.
Тоа очигледно звучи охрабрувачки за навивачите на Ливерпул, бидејќи најголемиот дел од нив сакаат скаузерот да остане на „Енфилд“.