Здравко Мамиќ повторно шокира: За Вучиќ ќе дадам и крв ако треба!

315

Здравко Мамиќ иако веќе со години не е во фудбалот, познато е дека е во БиХ како бегалец од правдата во неговата Хрватска, сепак сеуште шокира со своите изјави. Некогашниот газда на Динамо Загреб, кој од овој клуб направи гигант, имаше интересен коментар во врска со претседателот на Србија, Александар Вучиќ:

За Вучиќ ќе дадам крв ако треба. Многу добро знам дека постојано се интересира и прашува за мене. Нема функционер од Хрватска со кого првиот човек на Србија ќе се сретне а притоа да не праша за мене. Тоа многу ми значи. Во повеќе наврати истакнал дека би сакал човек како мене да е во Ц. Звезда. Како тоа да не го почитувам? Секогаш кога ќе се сретневме прво ќе ми пружи рака онака од срце да се поздравиме и притоа ќе ме пофали за она што го правам или сум го направил. Сме се слушнале и по телефон. Ми рече кога ќе одам во Белград ќе сме оделе во некој ресторан каде што досега не сум бил“ посочува фамозниот Здравко Мамиќ кој не крие дека исто така го респектира и претседателот на неговата земја, на Хрватска:

И за Зоран Милановиќ би дал крв. Познато е дека секогаш кога сум бил тема на муабет во Хрватска тој ме поддржувал, за разлика од некои други. Тоа на Милановиќ никогаш нема да му го заборавам“!

Претходно“Бомба“ во С. Арабија: Роналдо се сели во Ал Хилал?!
СледноПеп VS Аморим: Сити и Јунајтед во битка за Манчестер! (ФОТО)