Екипата на Штутгарт стигна до нов гостински триумф откако со 1:3 славеше кај екипата на Хаиденхаим.
Гостите поведоа преку Мителштад, израмни Ванер, а ново водсто за Штутгарт уште пред полувреме донесе Милиот. Волтемаде од пенал ги постави конечните 1:3 на пет минути до крајот на мечот.
Штутгарт во моментов е шести на табелата со освоени 23 бода, додека пак Хаиденхаим кој беше хит на минатото првенство годинава ќе се мачи со десетте освоени бодови досега и загарантирана борба за опстанок до крајот на Бундес сезоната.