Луд пресврт на „Етихад“: Јунајтед за две минути до победа над шампионот (ВИДЕО)

482

Со неверојатен пресврт во последните две минути од регуларниот дел на натпреварот, Манчестер Ј. го победи градскиот ривал Сити со 2:1 на гостински терен и дојде до голема победа за зголемување на самодовербата под водство на новиот менаџер Рубен Аморим.

Шампионот почна подобро и успеа во 36. минута со голот на Гвардиол да дојде во водство од 1:0. Во вториот дел гостите се обидуваа да наметнат иницијатива, но не успеаја да дојдат до гол за израмнување, се до 87. минута, кога судијата Тејлор покажа на белата точка, а Бруно Фернандеш ја презема одговорноста, погоди и израмни на 1:1.

Само две минути подоцна, големиот талент на „ѓаволите“, Амад, успеа да направи пробив по левата страна, да ги измами сите чувари и да ја смести топката во мрежата на Сити за комплетен пресврт (1:2) и големи три бода за гостите.

Шампионот и натаму е во голема криза, иако во минатото коло успеа да слави над Нотинфем Форест.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноНорвешка е недопирлива, одигра моќно против Данска за 10-ти златен медал на ЕП!
СледноТурски бизнисмен го презема ФК Тиквеш, со него доаѓа и екс-тренерот на Гостивар