Силва: Игравме како тим до 15 години! Треба да се погледнеме себе си!

181

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, беше крајно критичен кон играта на тимот во последните минути од дербито со Манчестер Јунајтед, кога шампионот прими два гола и на крајот беше совладан со 1-2 на домашен терен.

„Го заслуживме тоа што се случи. На ова ниво, може да немате среќа во еден или два меча. Но, кога станува збор за десет натпревари, не можете да зборувате за среќа. Во 87. минута од дербито водиме со 1:0 и корнер во наша корист завршува со пенал за нив. Ако носиш такви глупави одлуки на три или четири минути пред крајот, заслужуваш да платиш. Гледајќи го натпреварот, мислев дека има само еден тим кој може да победи, а на крајот загубивме. Не зборуваме за еден натпревар, туку за многу од нив неодамна. Треба да се погледнеме себеси. Не се работи за среќа, туку за одлуките што ги носите. Денеска во последните минути игравме како тим до 15 години“, изјави Бернардо Силва за „Скај Спортс“.

ПретходноРубен Аморим испрати жестока порака до „кртот“ во соблекувалната на Јунајтед!
СледноНад еден милиони евра им исплати ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА на ВЛТ играчите во ноември