Фудбалерите на Милан ја заокружија турбулентната недела со лошо реми против Џенова на Сан Сиро, а впечаток е дека навивачите на седумкратниот европски првак немаат многу причини за задоволство, што е став кој е во спротивност со изјавите дадени веднаш по натпревар.
„Росонерите“ не успеаја да го пробијат добро организираниот бедем на гостите, а еден од клучните играчи во нивната офанзивна линија Рафаел Леао не сакаше да го префрли товарот на вината на грбот на тренерот Пауло Фонсека.
„Потребно е време, почнуваме да разбираме што сака тренерот, но понекогаш има работи што можеме да ги промениме на теренот. Тоа се одлучноста пред нашата цел и решенијата што ги бараме кога сакаме да најдеме простор. Зависи од играчите“, изјави Леао кој само неколку дена претходно постигна убав гол против Црвена Звезда.
Португалецот продолжи да го пофали пресингот на кој инсистира Фонсека, па во согласност со играта на тимот, смета дека не е крај на светот натпреварот да заврши без голови.
“Тоа е фудбалот. Мораме да се држиме заедно, бидејќи разликата беше што топката заврши во голот или на гредата по ударот на Мората. Игравме добро, постигнавме реми и не е крај на светот”, изјави Леао. .
Слична мисла по натпреварот имаше и самиот Фонсека, кој немаше многу да се жали на играчите ако се земе во предвид бројот на обиди кон противничкиот гол, но многу поголемо внимание го привлече огорченоста на навивачите по игра.
„Нормално е да протестираат. Ние навистина сакавме да победиме за нашите навивачи, но чувствувам дека тие се секогаш со нас. Ги разбирам, но тие мора да сфатат дека тимот даде се за да победи. “, заврши Фонсека, чиј тим ја продлабочи разликата зад лидерот Аталанта на дури 14 поени.
Нема да има премногу време за одмор на „росонерите“, бидејќи веќе во петок имаат гостување кај Верона, додека Рома ќе им гостува на 29 декември.