Борнмут и Вест Хем со 1:1 го “затворија“ 16.коло во Премиер-лигата!

24

Борнмут и Вест Хем одиграа 1:1 во последниот меч од 16.коло во Премиер-лигата, па така си поделија по бод. Интересно, немаше голови се до 87.минута кога Пакета од пенал донесе водство за гостите. Се чинеше дека овој гол е доволен за победа на “чеканите“, но така не мислеше Унал кој 90.минута со шут од слободен удар постигна прекрасен гол за конечни 1:1.

Со овој бод Борнмут сега се наоѓа на 6.место со 25 бода. Инаку ова реми значи и прекин на победничката серија на овој тим ако се знае дека на три меча претходно во низа имаше и три триумфи.

Додека Вест Хем со овој бод е на 14.место на табелата со 19 бодови по ова 16.коло во најсилната лига во Европа.

ПретходноУф, каков Интер? Страшен Интер! Блескава ноќ на “Олимпико“ на четата на Инзаги!