По многу перипетии, информации и деманти на крајот, Серхио Перез го напушти Ред Бул.
Мексиканскиот пилот во Формула 1 излезе со официјална изјава на социјални мрежи дека го напушта тимот на Ред Бул, откако страните се договориле предвреме да ја прекинат соработката.
Ред Бул ја потврдија разделбата од Перез, но немаше официјални најави за негова замена. Претходно, многу медиуми објавија дека доколку Перез замине, Лиам Лосон ќе го заземе неговото место во Ред Бул, а Исак Ајар ќе вози за Расинг Булс заедно со Јуки Цунода.
„Неверојатно сум благодарен за овие четири години во Ред Бул и за можноста да возам за таков неверојатен тим. Тоа беше незаборавно искуство. Исто така, ми беше чест да возам во ист тим со Макс Верстапен сите овие години и да го споделиме нашиот успех со него“, објави Перез.