0
Ракометарите на Куманово славеа со 32-25 во директниот дуел со тимот на Бисинов во последниот меч од тековната година. Домашните ракометари одиграа одлично и во двете полувремиња и на крајот успеаја да ја остварат четвртатат победа.
Куманово заминува на пауза со 8 бода, два повеќе од Струга и Бисинов, додека Радовиш остана последен, откако и вечерва загуби на домашен терен од Прилеп со 22:37.