Модриќ со рекорден 28 трофеј за Реал Мадрид

232

Со конечни 3:0 синоќа, тимот на Реал Мадрид го освои Интерконтиненталниот куп синоќа во дуелот со Пачука. Дуелот одигран во Катар беше уште еден во низата во кој Кралевите се закитија со титула, и во која поставија уште рекорди кои се тешки за достигнување.

Па така, покрај колективните награди, индивидуалните се исто така за споменување. Тренерот Карло Анчелоти е првиот кој подигнал 15 трофеји со клубот, но 38. годишниот Лука Модриќ пак е првиот кој што подигнал 28 пехари за тимот на Реал Мадрид.

Живата легенда на светскиот фудбал, ги одигра последните дваесетина минути на синоќешниот меч, сосема доволни и легитимни тој да се запише во историјата како најтрофеен играч кој заиграл за Кралскиот клуб.

Тој пристигна своевремено од Тотенхем во 2012 година и оттогаш прерасна во вистинска икона на Реал.

Во неговите 559 настапи за Реал Мадрид, Модриќ постигна 39 гола и додаде 90 асистенции, постојано играјќи клучна улога во успехот на тимот. Во својата колекција има 6 титули во Лигата на шампионите, 6 Светски клупски првенства, 5 европски Суперкупа, 4 титули во Ла Лига, 2 Копа дел Реј и 5 шпански Суперкупа.

 

ПретходноСтоле и Валенсија освоија бод против Еспањол
СледноСлот: Мора да го одбраниме трофејот во купот