Таткото на Јанис Тима: Откако таа пристигна во семејството настана пекол

873

Светската јавност е шокирана од смртта на Јанис Тима, кошаркарот кој си го одзеде животот во Москва. Летонецот според шпекулациите, и информациите кои излегуваат во моментов, имал бурен семеен живот предизвикан од неговата партнерка, пејачката Ани Седокова, за која убав збор нема ниту неговиот татко, Рајтис Тима.

„Ништо не знам за неа. Прашајте ја неа. Прашајте ја за пеколот кој настана кога таа влезе во нашите животи“ – изјави тактото на Јанис, инаку кошаркарски тренер.

Тима си го одзеде животот во понеделникот, по разводот со украинската пејачка, а неговиот татко потенцира дека односот со неговиот син последните години практично и не постоел.

„Сеуште ништо не знам. Сакам да најдам некаков контакт, не знам со кого би можел да разговарам. Три години имавме конфликти и од секаде бев блокиран. Не можам одеднаш да влезам во коренот на тој однос, кога не сум имал никаков контакт. Тој однос беше ужасен и страшен“ – рече Рајтис Тима, околу врската на сега веќе неговиот покоен син со неговата бивша сопруга.

ПретходноВака изгледа чекот од 222 милиони со кој Нејмар замина од Барса во ПСЖ
СледноСколс за Рашфорд: Тажно е кога децата на клубот го напуштаат Јунајтед