Донарума паузира неколку недели

304

Хорор повредата на Џанлуиџи Донарума, голманот на ПСЖ со која се здоби синоќа на дуелот против Монако, по судирот со Вилфред Синго и тоа како има свои последици. Да се добие онаков удар со копачка в лице, и сето тоа машки да се истрпи не е за секого. Според извештаите по укажаната помош, и санирањето на раните по лицето, Донарума чувствувал сериозна болка во главата, и вртоглавици поради сериозноста на повредата.

Па така, речиси е сигурно дека тој нема да биде дел од тимот на ПСЖ неколку недели. Прашање е кога и со кој интензитет ќе може да почне да тренира, а потоа и автоматски би се пресметал и датумот кога отприлика би можел да се врати на терен.

Следниот натпревар на ПСЖ е против Ленс во недела навечер и Матвеј Сафонов најверојатно ќе стартува за Принцовите. Натпреварот е за Купот на Франција. Потоа, доаѓа уште еден натпревар со Монако за францускиот шампион, но за Суперкупот. Овој дуел е закажан за 5 јануари и Донарума веројатно ќе го нема и на тој меч.

ПретходноОфицијално: Мамиќ јуниор оди во затвор и на Динамо треба да му врати два милиони евра
СледноДојде „шумарот“ и ги избрка „Германците“ и „Партизаните“!