Нојер потпиша нов договор со Баерн

48

На негодување на голем дел од навивачите на клубот, а на задоволство негово и на управата, Мануел Нојер потпиша нова соработка со Баерн Минхен, важечка до 2026 година.

Искусниот голман е со децении во Баерн, но според јавноста неговото време на врвен голман е одамна пројдено и дека клубот морало многу порано да се сврти кон некој друг. Наместо тоа, Нојер добива продолжување на соработката што е еден вид заслуга за се што голманот направи за клубот низ годините, но навивачите пак бараат некој кој во моментов на терен ќе го даде најдоброто.

Чуварот на мрежата се мачи со повреди, а со оглед на неговата возраст и не е за изненадување и многу често е надвор од теренот. Токму затоа навивачите на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство од ваквиот потег на управата, која што пак од друга страна сеуште не потпишува нови договори со Сане, Кимих и Алфонсо Дејвис, а тие се движечката сила на тимот.

 

ПретходноОдложен е натпреварот меѓу Париз и Фенербахче во Евролигата кој требаше да се игра вечерва!
СледноУбав гест на тетовскиот клуб: Фудбалери на Шкендија во посета на деца со посебни потреби! (ФОТО)