Ужас:Убиен фудбалер во Англија!

310

Како што пренесуваат медиумите на Островот, ноќеска бил убиен играч односно голман на нисколигашот Бертон Таун, Џејмс Хичкок (30). Тој бил нападнат околу 22 часот на железничката станица во Јорк, бил прво претепан а после во болница починал како последица на тешките повреди на главата.

Полицијата веднаш реагирала и го упсила лицето, барем така се наведува, кој бил напаѓачот.

Од неговиот клуб истакнуваат дека Џејмс бил омилена личност во тимот и дека бил личност со ведар дух.

Оваа страшна вест е тешко да се прифати. Тоа е ужасно. Џејмс беше популарен во нашиот клуб“ велат од клубот на починатиот играч.

ПретходноУбав гест на тетовскиот клуб: Фудбалери на Шкендија во посета на деца со посебни потреби! (ФОТО)
СледноШампионот му “раскина“ на Дујмовиќ!