Челзи само ја потврди доминацијата во лигашкиот дел од Конференциската лига и со победа од 5:1 вечерва на домашен терен против ирски Шемрок го запечати првото место на табелата со максимални 6 победи. „Сините“ и со вториот состав беа премногу силен противник за ирскиот состав.
Во дербито на вечерта, В. Гимараеш и Фиорентина одиграа нерешено 1:1, додека важна победа за пласман во осминафиналето извојуваа Рапид од 3:0 над ФК Копенхаген. Лугано со реми 2:2 против Пафос исто така се најде меѓу осумте директни патници во осминафиналето.
Чурлинов и неговата Јагиелонија за влакно не успеаја да влезат во ТОП 8. Одиграа само 0:0 против словенечка Олимпија и поради полоша гол разлика останаа на 9. место. Борац БЛ на Николов и Шишковски влезе во ТОП 24 и ќе игра елиминации за осминафинале.
Конференциска лига – 6 коло:
АПОЕЛ – ФК Астана 1:1
Бетис – Хелсинки 1:0
Борац БЛ – Омонија 0:0
В. Гимараеш – Фиорентина 1:1
Ларне – Гент 1:0
ЛАСК – Викингур 1:1
Лугано – Пафос 2:2
Молде – Млада Б. 4:3
Панатинаикос – Динамо Минск 4:0
Серкл Бриж – Истанбул Б. 1:1
ТСЦ Бачка Топола – Ноа 4:3
Хајденхајм – Ст. Гален 1:1
Хартс – Петрокуб 1:1
Целје – ТНС 3:2
Челзи – Шамрок Роверс 5:1
Рапид – ФК Копенхаген 3:0
Дјургарден – Легија
Јагелонија – Олимпија 0:0