Некогашниот сметководител на Берлускони е новиот претседател на Серија А! (ФОТО)

91

Серија А и официјално потврди дека има нов претседател, а тоа е Ецио Симонели, кој ќе го наследи досегашниот прв човек Лоренцо Казини.

По првиот круг кој се одржа на 9 декември, Симонели имаше 9 гласа, додека на второто гласање доби 14 што беше доволно да победи во „трката“ со своите против-кандидати.

Интересно е тоа што новиот шеф на Серија А некогаш му бил сметководител на славниот Силвио Берлускони, кој почина во јуни минатата година, а работел и како новинар во една од ТВ куќи на некогашниот магнат, некогашен газда на Милан и некогашен премиер на Италија.

Ова е негова прва ваква функција ако се знае дека во 2013 и 2021 година ги загуби изборите за претседател на Серија Б. Image

ПретходноФеран Торес го криел вистинскиот датум на раѓање!
СледноХит-видео на Мбапе: Модриќ има повеќе трофеи отколку јас години!