Црвена звезда пред домашната публика ја прослави победата во 17. коло од Евролигата против Макаби од Тел Авив со 81:73. Српскиот тим со оваа победа дојде до сооднос 9:8 и моментално е во плеј-ин зоната.
По натпреварот, на прес-конференцијата се обрати тренерот на Црвена звезда, Јанис Сферопулос, кој не беше задоволен од пишувањата во медиумите и си ја отвори душата.
„Игравме против тим кој е многу талентиран и може многу брзо да постигнува поени и да влезе во таков ритам. Тоа сите го видовме на почетокот на вториот дел. Освен третата четвртина, мислам дека само ја контролиравме играта. Кога тие поведоа бевме мирни и игравме попаметно.
Многу сум среќен и задоволен што на крајот стигнавме до двоцифрен плус и што победивме. Во Евролигата нема лесни натпревари и некои луѓе мора да го сфатат тоа“, изјави Сфeропулос и додаде:
„Чувствувам дека треба да бидеме повеќе горди на овој тим овде, се бориме од натпревар во натпревар, од недела до недела. Победуваме, понекогаш губиме, но секогаш се бориме. Погледнете ги резултатите на сите тимови и ќе разберете за што зборувам. Имаме позитивен резултат по првата полусезона. Заостануваме само две победи, односно помалку од првото место и сега не треба да се радуваме?“.
Сфeропулос продолжи за тоа колку луѓе не се задоволни од резултатите на црвено-белите, што е лудо за него.
„Секако дека има ситуации кога можеше да биде подобро. Загубивме некои натпревари на крајот, славевме некои што никој не ги очекуваше од нас. Сигурно би го прифатил овој резултат. Немаме традиција да бидеме плеј-оф тим. Мора да разберете кои сме ние. Можеби навивачите имаат поголеми очекувања, но ние се обидуваме да изградиме нешто. Мора да ги поправиме грешките што ги имаме.
Момци, Барселона и Реал Мадрид се зад нас. Што сакате од нас? Не ни е грижа за мислењето на луѓето кои не го сакаат клубот. Ако не сум доволно добар, најмал проблем ми е да заминам. Дозволете ни да се обидеме и да работиме, ние не сме најдобриот тим на светот, но ако се бориме можеме да победиме секого. Ова е Евролига. Имаме 9:8 и има луѓе кои не се среќни, навистина не разбирам“.