Флик го изгуби трпението: Го најде виновникот за поразот, а на една ѕвезда веднаш и ја покажа излезната врата!

496

Барселона синоќа беше поразена од Атлетико Мадрид (1:2) во 18. коло од Примера. Вистинско чудо е како славеа гостите од Мадрид, но пред се треба да му се заблагодарат на голманот Јан Облак, но и на непрецизните напаѓачи на домашната екипа, особено на Роберт Левандовски.

Со оваа победа Атлетико се искачи на врвот со 41 бод, Барса има 38 и натпревар повеќе. Реал е трет со 37 бодови, но и со натпревар помалку од градскиот ривал, односно два меча од Барселона, што пак гарантира возбудлива трка за титулата шпански првак до самиот крај.

Ханси Флик го најде виновникот за поразот, па во еден момент изнервиран рече:

„Невозможно е сето тоа да го пропуштите“, обраќајќи му се на Роберт Левандовски, бидејќи Полјакот навистина промаши неколку шутеви.

Барселона беше подобра и заслужи да победи, но едноставно немаше своја вечер. И се чини дека конечно се дозна кој го напушта тимот.

Ханси Флик повторно не го искористи Френки де Јонг, па на холандскиот играч за врска му беше покажан патот до излезот и тој набрзо се прости од клубот. Тој остана на клупата и интересно е што не доби шанса за настап ниту во преостанатиот дел од натпреварот.

Шанса на негово место доби Гави, а другата опција беше Дани Олмо. Флик наводно веќе го одобрил заминувањето на Де Јонг, кој е еден од најплатените во тимот.

Може да биде комплицирано да се најде друг тим за Де Јонг во јануари, па доколку тој остане, клубот ќе се ослободи од него на лето. Холанѓанецот со месеци на маса имаше предлог да го обнови договорот со Барселона, но тоа се промени.

Барса веќе му понуди продолжување на крајот на 2023 година, ставајќи нов договор на маса. Времетраењето би било продолжено до 2029 година, три години повеќе од моментално потпишаното. Понатаму, немаше намалување на платата, што беше план на клубот со новиот договор, а неговата плата во моментов е многу повисока од потпишаната поради договорените одложувања претходно.

ПретходноОмерагиќ за Милевски, за Ристовски и Адеми, за тоа кога ќе се воведе ВАР!
СледноФФМ од денеска има нов претседател: Аплаузи за Омерагиќ! (ФОТОГАЛЕРИЈА)