Баварскиот гигант, Баерн (М), тајно преговара со ѕвездата на Атлетик (Б), Нико Вилијамс. Веста денеска ја пренесоа дел од германските медиуми, кои тврдат дека преговорите течат во напредна фаза, а Баерн ќе го донесе Вилијамс како замена за уште една ѕвезда во тимот.
Сите претпоставки укажуваат на тоа дека Лерој Сане може да го напушти клубот на лето, со оглед на тоа што неговиот договор со Баерн истекува на крајот на јуни 2025 година, а нов засега не е ниту на повидок.
„Билд“ пишува дека скаутите на Баерн со месеци внимателно го следат играчот и сега се решени да ја платат неговата ослободителна клаузула од договорот која е во висина од 60 милиони евра.
Интересно е што Баерн нема да биде единствениот клуб кој ќе се бори за Вилијамс. Тука во трка се и Барселона, Манчестер Сити, Челзи, Арсенал и Ливерпул.