Валенсија и официјално го објави името на новиот тренер на тимот. Нашиот Столе Димитриевски од денеска за нов тренер го има 41-годишниот шпански стручњак Карлос Корберан, кој работеше во клубот од англискиот шампионат, Вест Бромвич од октомври 2022 година. Договорот со него е склучен до 2027 година.
За Корберан да го напушти Вест Бромвич, раководството на „лилјаците“ активирало посебна опција во неговиот договор со британскиот клуб. 49-годишниот поранешен играч од средниот ред Рубен Бараха, беше отпуштен од функцијата главен тренер на Валенсија по очајните резултати.
Валенсија во Ла Лига е во зоната за испаѓање со 12 бода на 17 меча.