Флик ги сака Горецка и Канте, ама Лапорта кажал – НЕ!

273

Чудна есен има Барселона. Ако до октомври тимот блескаше, едноставно ги растури Реал и Баерн, се говореше дека без проблем ќе ја освои Ла Лига, односно ќе се прошета низ Примерам, сега веќе не е така. Сега Барса не е таа што беше до пред еден месец и повеќе. Сега Барса и кога игра добро, и кога блеска, не може да победи. Така беше на последното дерби со Атлетико Мадрид.

Јасно е дека уште ништо не е загубено во битката за титулата, но сега Барса е трета на табелата.

Сега Ханси Флик и не е така посочуван како фантастичен тренер како до пред месец и половина.

Инаку во пресрет на зимскиот преоден рок, барем според пишувањето на медиумите во Шпанија, посебно на тие од Каталонија, германскиот стратег побарал од раководството на клубот да му се донесат Леон Горецка од Баерн Минхен и Нголо Канте од Ал Итихад (С. Арабија).

На тоа првиорт човек на Барса, Хоан Лапортна брзо и едноставно му одговорил дека тоа не е возможно. И онака Барса си има проблем со Дани Олмо околу неговата дефинитивна регистрација за следната година, така да овие двајца одлични играчи кои се желба на Флик ќе останат како желба.

ПретходноВечерва ќе ги добиеме најдобрите спортисти за 2024 година
СледноЗавршницата од Купот “Благоја Георгиевски Буштур – 2025“ се игра од 13 до 15 февруари! (ФОТО)