Министерството за спорт ги додели наградите за најдобрите за годината која изминува. Во машка категорија за најдобар спортист е прогласен Бобан Илијоски, додека кај дамите тоа Милјана Рељиќ.
Женската ракометна репрезентација е прогласена за најдобра за 2024 година, додека во машка конкуренција е машката ракометна репрезентација која обезбеди учество на СП 2025 година. За најдобар тренер е прогласен Кирил Лазаров, селекторот на машкат ракометна репрезентација.
За најуспешна федерација е прогласена Таеквондо.
НАЈДОБРИ ЗА 2024 ГОДИНА
Најдобар спортист: Бобан Илиоски
Најдобра спортиска: Милјана Рељиќ
Најспешна федерација: Македонска таеквондо федерација
Најуспешен тренер во машка кокуренција: Кирил Лазаров
Најдобар машки национален тим: Машка ракометна репрезентација
Најдобар женски национален тим: Женска ракометна репрезентација
Млад спортист: Силвио Мировски (бокс)
Млада спортистка: Ива Младеновска (ракомет)
Најдобар спортист со инвалидитет: Оливера Наковска – Бикова (стрелаштво)
Најталентиран спортист: Теодор Стојановски – таеквондо
Признанија за Ѓорѓи Начевски и Славе Николов – ракометни судии
Универзитетски спорт: кошаркарски тим Универзитетот Кирил и Методиј – Скопје
Средни училишта: Јане Сандански – Струмица
Училишен спорт: Ѓорѓија Пулевски – Скопје