Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Сити ризикува да остане надвор од ТОП 4 на табелата и следната сезона да не обезбеди место во Лигата на шампионите.
„Кога претходно зборував за тоа, луѓето се смееја. Тие рекоа: „Влегувањето во Лигата на шампионите не е толку големо достигнување“. Но, знам дека е вистина затоа што сум го видел тоа со други клубови во оваа земја. Долги години доминираа, а потоа долго не успеваа да се пласираат во Лигата на шампионите. Единствениот тим што редовно учествуваше во Лигата на шампионите во последните години е Манчестер Сити. Сега сме во ризик, дефинитивно. Има многу претенденти. Ова е многу важно за секој клуб и ако не победиме ќе останеме без пласман. Ако не се квалификуваме, тоа ќе значи дека не го заслуживме затоа што не бевме подготвени, имавме многу проблеми и не можевме да ги решиме“, изјави Гвардиола.