Вембањама со нов уникатен рекорд во НБА лигата

84

Францускиот центар од екипата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама постигна 42 поени, забележа 18 скока, 4 блокирани удари и постигна 6 тројки на натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата со Њујорк Никс.

Така, 20-годишниот Вембањама стана првиот играч во историјата на НБА кој успеал да постигне 40 или повеќе поени, да направи 15 или повеќе скока, најмалку 4 блокирани удари и да постигне најмалку пет тројки во еден натпревар.

Вкупно, во тековната регуларна сезона Французинот одигра 25 натпревари за Спарс, на кои постигна во просек по 25,4 поени.

ПретходноАнтонио Илиевски потпиша за косовски Феризај
СледноЗаре Марковски повеќе не е тренер на Пистоја