Срушен рекордот на скокалницата во Гармиш (ВИДЕО)

411

Како што е тоа обичај, на првиот ден од новата година секогаш е закажана втората етапа од Новогодишната ски турнеја, четири скокалници.

Овојпат одлично издание на повеќемина скокачи, но на крајот аплаузите ги собра, 22. годишниот Даниел Цофениг од Австрија.

Тој го сруши актуелниот рекорд на Давид Кубацки со скок од 145 метри, што беше за метар подобро од стариот рекорд.

На втората позиција се пласираше швајцарецот Грегор Девшванден, додека последен на пиедесталот се искачи Михаел Хејбоек.

 

ПретходноХајдук Сплит не е клуб, тоа е начин на живот
СледноПочнаа да пристигнуваат понуди: ПСЖ му понуди на Салах 500.000 евра неделно!